Балкански граѓански практики 2007

Балканскиот регион, што ги вклучува Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Романија, Србија (вклучувајќи го Косово), Црна Гора и Македонија, во минатите десет години се најде во ситуација на дестабилизација и транзиција. Домашните и меѓународните напори значително придонесоа за надминување на овој период. Сепак, и покрај овие напори, ситуацијата и понатаму останува деликатна.

Граѓанското општество во регионот останува слабо, за навремено и ефективно одговарање на потребите на целните групи.

Систематскиот развој на граѓанското општество и неговата улога, посебно во однос на јавниот сектор останува слаба. Соработката меѓу јавните институции и ГО се уште не може да гарантира непристрасна распределба на улоги и ресурси. Капацитетите на ГО за соработка со медиумите како битен актер и канал за комуникација со јавноста и нивната поддршка се слаби. Вмрежување, размена на информации, искуства, застапување и лобирање како и други видови на меѓусекторска и прекугранична соработка се мали, односно се на ад-хоц ниво. Кон обидите за соработка и координација се пристапува со недоверба. Во ситуација на намалување на финансиската поддршка, ГО се гледаат како конкуренција. Постоечката прекугранична соработка е ограничена и разделена врз база на исти донатори, методологии и сектори на дејствување. Вмрежување со ГО и мрежи надвор од регионот е исто така слабо, посебно со тие во ЕУ земји (со исклучок на односи со донатори).

Целта на овој проект беше да ги подобри меѓуграничната и меѓусекторската соработка помеѓу граѓанските организации во ЈИЕ преку подобрување односи со локални заедници/јавноста.

Целна група беа БНТ членките (ACSF, DA – Албанија, МЦМС – Македонија, PF, WAD – Бугарија, NIT, EOS – Хрватска, EHO – Србија AIDRom, OAR – Романија, WAWY – Косово, CRNVO – Црна Гора) и други релевантни граѓански организации.

Проектот резултираше во подобар пристап до информации и вештини за соработка со медиумите и со целокупната јавност. Продукт на активноста беа 550 примероци на публикации објавени на 4 јазици: англиски (100 примероци), албански (150 примероци), српски (150 примероци), и македонски (150 примероци).

Проектот се состоеше од издавање на четвртиот број на публикацијата Балкански граѓански практики, со наслов: Односи со медиуми – прирачник за граѓански организации. Прирачникот беше подготвен и објавен врз основа на резултатите од двете регионални обуки за медиуми (т.е. студии на примери произлезени од обуката) и сличниот прирачник подготвен од страна на ЦНВОС за потребите на словенечките граѓански организации. Прирачникот ги покри следните теми: важноста на односите со медиуми за ГО; комуникација со медиумите; организација на медиумски односи и настани; алатки и техники за односи со јавноста (вест во новини, интервју, прес конференција, и медиумска кампања). Прирачникот беше објавен на англиски и преведен на регионалните јазици, поточно на албански, српско-хрватски, и македонски. Ова овозможи подобар пристап за ГО до медиуми и нивно комуницирање со јавноста во нивните земји. Прирачникот е објавен и во електронски формат (на БНТ интернет страна) како и во печатена верзија (во 550 копии). Англиската (оригинална) верзија на прирачникот се состои од 56 страници во 195*240 формат, македонската верзија од 61 страница, албанската верзија од 59 страници, и српската верзија од 58 страници. Прирачникот беше дистрибуиран до организации кои учествуваа на обуката за медиуми и други партнерски организации во регионот. МЦМС ја дистрибуира публикацијата во рамките на 6-тиот НВО саем (16-17 ноември).

Similar Posts

  • Транспарентна локална самоуправа – извршно резиме

    Процесот на фискалната децентрализација, како комплементарен дел во трансферот на новите ингеренции на локалната власт, треба да ги направи општините помалку зависни од централната власт и да обезбеди нивна самостајност и одржливост. Големиот број на делегирани надлежности од централно на локално ниво, покрај тоа што се оценуваат како позитивни од страна на граѓаните како поефикасен…

  • Антикорупциска писменост

    Според „Transparency International“, Македонија се наоѓа на 71 место, заедно со Бугарија, Романија и Грција, од 180 рангирани земји според Индексот на перцепција за корупцијата. Имајќи во предвид ова, борбата против корупцијата се наоѓа високо на агендата на македонското општество. Во мај 2007 г. беше донесена новата државна Програма за превенција и репресија на корупцијата….

  • Промовирани пет нови истражувачки публикации

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), денес промовираше пет публикации: „Феминистички почетоци на социјалната работа“ од Биљана Страмшак, „Граѓанските организации во Република Македонија“ од Симонида Кацарска, „Односите со јавноста на здруженијата на граѓани во Македонија“ од Маријана Иванова, „Успех во 10 чекори – создавање на Локален акциски план за прашањето на хендикепот“ од Африм Илјази…

  • И слични и различни

    Од 22 до 25 март 2010 година се реализира првата од шесте посети за размена на искуства меѓу Македонија и СевернаИрска. Посетите се дел од проектот МОСТ – граѓанско лидерство преку меѓународен дијалог и пред се  поврзани се со искуствата за спроведување на Охридскиот рамковен договор и Северно Ирскиот договор од Велики петок. Проектот го…

  • Јакнење на теолошките факултети

    Комуникацијата и соработката помеѓу верските заедници е неопходна за развојот на меѓуверскиот дијалог. Како еден од успешните алатки за воспоставување на таквата комуникација беше отварањето на Канцелариите за соработка помеѓу теолошките факултети и верските заедници во 2003 година. Преку канцелариите за соработка беа реализирани низа програмски активности (предавања, посети на теолошки училишта и верски заедници…

  • Градење на капацитетите на ЗЕЛС

    Националните и регионалните институции/организации, во тој контекст и ЗЕЛС, како механизам за координација, вмрежување, лобирање и застапување на нејзините конституенти членки единиците на локалната самоуправа имаат суштинска улога за успехот на процесите на децентрализацијата. Основната улога на ЗЕЛС како национална организација е да биде чекор пред процесите на децентрализација, да ги креира и да предводи…