2000 – Цело е кога има сé

2000-godina-na-stabilizacija

Од 2000 г. МЦМС се врати на своите домашни фокуси. Се интензивираше кампањата „Цело е кога има сé“. Заедно со осум женски НВО го стартува билтенот „Перспективи“. МЦМС ја промовираше тространата соработка меѓу мали и средни претпријатија од Грција, Германија и Македонија – поврзување на претпријатијата Скопје-Солун.

По скоро едногодишен прекин обновени се активностите во секторот на граѓанско општество и демократија. Започнато е полното спроведување на програмата Јакнење на НВО (ПЈН), како и на програмата Јакнење на женските НВО за здравствена едукација (ЈЖЗ). По комплетирањето на Цело е кога има се (ЦКС), поддржани се пилот-проекти за дијалог и толеранција и за човекови права.

Цело е кога има се! – продолжи и по завршувањето на кризата. Активностите беа насочени пред се кон младите но и кон пошироката јавност во Република Македонија и тоа посебно кон учениците од мултиетничките средни училишта и областите населени со различни етнички групи. Аудио-визуелната кампања вклучи ТВ и радио спотови, билборди и дваесет минутен документарен филм. „Цело е кога има се!“ опфати околу 20.000 средношколци, 92 професори, 186 претставници на локалната самоуправа, НВО и медиуми и целата јавност. На еден од настаните актерката Софија Куновска порача „Одвиткувањето на вселената се случува без разлика на нашите фрустрации, затоа, треба добро да размислиме за тоа дали нашиот привремен престој на земјата ќе го поминеме во разни конфликти и поделби или ќе се обидеме самите за себе да си обезбедиме некаква хармонија“.

Посткризната рехабилитација на Македонија им беше упатена на луѓето што живееја во средините каде што последиците од косовската криза во голема мера ги нарушија основните услови за живот. Беа спроведени активности за водоснабдување и санитација на заедниците домаќини. Поддржана е изградба на водоводи во осум села и санитациски ситеми во три села. Беше дистрибуирана помош во храна и хигиенски производи. Вкупно беа дистрибуирани околу 300 тони храна и 140 тони хигиенски производи. МЦМС спроведе повеќе рехабилитациски проекти но и проекти за јакнење на институционалниот капацитет на невладините организации кои беа вклучени во дистрибуцијата на помошта за бегалците и социјално загрозените лица.

Продолжија активностите во Косово кои беа насочена кон бегалците кои се враќаат и внатрешно раселените лица, малцинските групи и посебно ранливите групи. Активностите беа продолжени во истите региони како во 1999 година (43 села во југозападно Косово), со несмалено темпо, бидејќи се уште беше фаза на итна пост-кризна помош, а беа дополнително диверзифицирани, со: водоснабдување на селата, дистрибуција на земјоделски репро-материјали за пролетната и есенската сеидба, а беа набавени и стелни крави за 165 семејства и за Здружението на млекопроизводителите. Сите овие активности придонесоа за закрепнување на селата по конфликтот и обновување на нивните продуктивни капацитети.

„По 1999 година МЦМС во 2000 година стоеше пред нов предизвик да се стабилизира по огромниот раст и да се врати на своите фокуси. За овој предизвик битни се: враќањето кон развојните активности, внатрешните избори, среднорочната оценка и воспоставување регионална соработка.”

Годишен извештај на МЦМС за 2000 година.

2000

Similar Posts

  • 2005 – Кажи ОК за МК

    МЦМС го направи првото сеопфатно истражување за граѓанското општество во Македонија „По 15 години транзиција – од стабилизација кон граѓанско учество“. Започна со јакнење на седум стратешки организации. МЦМС со две други организации ја подржа македонската кандидатура за членство за ЕУ со кампањата „Кажи ОК за МК“. Во декември Република Македонија се здоби со кандидатскиот…

  • 2009 – Меѓусекторска соработка

    Спроведена е кампањата „Чиста сметка – здрава вода“. Издаден е Адресар на организации на иселеници. Основан е сојузот „Македонија без дискриминација“ од 11 организации. МЦМС се посвети на меѓусекторска соработка илустрирана со учество во Националниот совет за европски интеграции и со придонесот за воспоставување на Заеднички-от консултативен комитет на граѓанското општество ЕУ-РМ. Во 2009 година…

  • 1995 – Рехабилитација и развој

    Година на почеток на консолидација и градење одржлива програма. Најголемиот број проекти беа  насочени кон развојот на селата преку активности за водоснабдување и санитација, образование, генерирање приходи и комуникации во повеќе општини. Во 1995 година фокусот на МЦМС беше ставен на рехабилитацијата и развојот, а во помала мера на хуманитарните проекти како дотогаш. Всушност, во…

  • 1996 – Водата е најважна

    МЦМС ги поддржуваше  развојните иницијативи на село. Излезе првиот број на НВО Билтенот и на Адресарот на НВО во Македонија. Се организираа првите обуки за раководење со проектен циклус. МЦМС се пресели во своето сегашно седиште. Оваа година МЦМС се пресели во нови простории, тогаш по овој повод директорот Сашо Клековски рече дека „ако 1993…

  • 1994 – Основна помош

    МЦМС растеше и јакнеше благодарејќи на знаењето и вештината што му ги пренесеоа ХМП и Херт Јан ван Апелдорн. Се спроведоа првите проекти за водоснабдување, основна помош и рехабилитација на сушните региони, помош за лицата со хендикеп. Беа поддржани активности на граѓански организации. Програмата за рурален развој беше насочена кон селата погодени од десетгодишната суша,…

  • 2011 – Мојот избор и истражувања

    МЦМС активно се вклучи во набљудување на парламентарните избори со „Мојот избор“. На 10 годишнината од Охридски рамковен договор МЦМС спроведе сеопфатно истражување. Започнаа активностите за прекугранична соработка Македонија – Албанија. Со три општини се изработени локални стратегии за соработка со граѓанските организации. Во првите девет месеци започна спроведувањето на 18 проекти, а се спроведуваа…