Ставови на граѓаните за употреба на насилството
[Прес соопштение] МЦМС спроведе повеќе анкети за прашања од сопствен интерес како општествени вредности вклучително и ставот на граѓаните за употреба на насилството.
Мирот/ненасилството – прва вредност која најдобро ја претставува Македонија
На прашањето кои вредности најдобро ја претставуваат Македонија, граѓаните за прва вредност го имаат избрано мирот/ ненасилството, пред демократијата и почитта за други култури. Оваа вредност, мир/ ненасилство е и втора најважна лична вредноста, по човековите права.
Тероризмот не е оправдан ниту за една цел
Големо мнозинство граѓани (92,5 %) не го оправдуваат тероризмот за ниту една цел. Не постојат разлики по социо-демографска основа.
Графикон 1. Ставови на граѓаните за оправданост на тероризмот
Употребата на насилство за идеолошки (партиски, верски) цели не е оправдана
Големо мнозинство граѓани (96,4 %) не оправдува употреба на насилство за идеолошки (партиски, верски) цели.
Не постојат разлики по социо-демографска основа. На пример, насилство не одобруваат ниту етничките Македонци (96 %), ниту етничките Албанци (98 %).
Графикон 2. Колку се согласувате дека употребата на насилството за остварување на идеолошки (партиски, религиозни) цели е оправдана?
