МЦМС – препознаена и успешна организација
[Прес соопштение] Како дел од истражувањето Довербата во Македонија, беше истражувана и позицијата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).
Според истражувањето, за МЦМС слушнале 60 %, а знаат 23,3 % од анкетираните граѓани. Позитивно мислење имаат 18,7 %, при што односот позитивно/негативно мислење е 4,1.
МЦМС е на седмо место како пример на најуспешна организација. Во одредени потсектори е препознаен како:
- (1) Прва организација во „Градење мултикултурно општество“
- (2) Втора организација во „Развој на граѓанско општество“
- (3) Трета организација во „Борба против сиромаштија“
- (8) Осма организација во „Развој на демократија и човекови права“.
Истражувањето е спроведено со теренска анкета – интервјуа „лице в лице“ во домаќинствата во декември 2010 г. на репрезентативен примерок од 1.300 испитаници од страна на ИСППИ.