Информативни настани за пререгистрација на ГО
МЦМС ги поканува граѓанските организации на информативниот настан на тема „Пререгистрација на организациите“. Ќе бидат одржани два настани, во Скопје на 11 март 2011 г. (петок), во 11:00 часот, во х. Холидеј ин и во Битола на 15 март 2011 г. (вторник), во 11:00 часот, во х. Милениум.
На овие средби ќе се разговара за тоа што и кога треба да се направи; како треба да се изврши и подготви усогласувањето на актите; како да се спроведе постапката за усогласување на актите; кои се потребните документи коишто треба да се приложат при пререгистрацијата; споредба на содржината на статутите согласно стариот и новиот закон и некои други прашања. ( дневен ред )
На настанот корисни информации ќе добиете и од Ленче Петрова Киранџиска, раководител на Одделение за техничка помош и овластено лице за регистрација, од Централниот регистар на Македонија.
МЦМС како организација која што е посветена на подобрување на правната рамка за граѓанските организации од 1995 година и како директно вклучена во работната група која што го подготвуваше Законот, преку овој настан има за цел подетално да ги информира здруженијата на граѓани и фондации за потребата од усогласување на актите односно пререгистрацијата. Согласно членот 104 од Законот за здруженија и фондации (Сл. Весник на Република Македонија, бр. 52/2010) организациите се должни во рок од една година од денот на влегување во сила на овој Закон да ги усогласат актите со овој Закон и да извршат пререгистрација во Централниот регистар. Рокот за пререгистрација истекува на 24 април 2011 година.
Заинтересираните учесници треба да се пријават до 8 март (за настанот во Скопје) и до 11 март (за настанот во Битола), на следниот е-маил: preregistracija@mcms.org.mk, или Марија Саздевски, на телефон 02/3088 983.
За учесниците надвор од Скопје и надвор од Битола ќе бидат покриени патните трошоци во висина на повратна автобуска карта од местото на доаѓање.