Реновирање на основни училишта во рурални заедници – извршно резиме
Во периодот од 2007 до 2009 година МЦМС со финансиска поддршка од Сокотаб од Швајцарија и неговите партнери успешно реализираше проекти за реновирање на 6 рурални основни училишта, од претходно селектирани општини каде што претежно се одгледува ориентален тутун.
Општа цел на проектот е подобрени услови за учење и работа за учениците и персоналот во основните училишта.
Цел на проектот е условите во основните училишта се доведени во прифатливи стандарди во согласност со големината и потребите на училиштето.
Очекувани резултати од проектот се:
- реализирана целосна реконструкција на просториите од првото ниво на училишната зграда;
- реконструиран училишен објект (внатрешни ѕидови, плафон, под, електрика и греење); и
- набавени нагледни средства и книги за библиотека.
Активности преку кои ќе се постигнат овие резултати се:
- Изработка на техничка документација и нејзина ревизија;
- Подготовка и спроведување на тендери за избор на изведувачи или набавувачи на опрема;
- Изготвување на целокупната документација за поддршка и финансирање на проектите;
- Избор на стручен надзор;
- Координација и соработка со сите вклучени актери;
- Набљудување и мониторинг;
- Известување (тековно и завршно) и оценување.
Целна група на проектот се ученици и вработени во основно училиште. Директни корисници се 837 ученици и 96 вработени од четири основни училишта. Целното подрачје на проектот е рурално, односно проектот ќе се спроведе во селата: Кукуречани (општина Битола), Ангелци (општина Василево). Покрај нив ќе се организира мала набавка на нагледни средства и книги за библиотека во с.Црнилиште (општина Долнени) и с.Конче (општина Конче).
Активноста ќе ја спроведе тим од вработените во МЦМС заедно со вклучени претставници од општините, основните училишта, како и потребните надворешни актери (надзор, изведувач, стручни соработници и сл.).
Временскиот период на спроведување на проектот е 04 јуни – 30 ноември 2010 г.
Буџетот изнесува 5.246.255 МКД. Средствата се донација од Сокотаб и неговите партнери.