Со парите од форумот ќе се гради пешачки мост на Брегалница

IMG 7724

На 22 ноември 2012 година, во големата сала на Спомен Домот АСНОМ во Делчево се одржа петтата форумска сесија. На сесијата присуствуваа 123 граѓани на општина Делчево и гости.

Граѓаните на оваа сесија го избраа проектот што сметаа дека е најприоритетен за нив. Од петте проекти што беа ставени на гласање: Изградба и уредување на јавни површини; Расчистување на диви депонии во градот и неговата околина; Уредување на излетнички и туристички места; Пешачки мост преку реката Брегалница и Зачувување на рибниот фонд преку изградба на рибји патеки на р. Брегалница, најмногу гласови, вкупно 39 доби Пешачки мост преку реката Брегалница и тој ќе биде финансиран од проектниот фонд на програмата Форуми во заедницата.

„Одлично е чувството што ние младите бевме дел од еден навистина значаен проект кој се подготвуваше во текот на форумските сесии, а уште позначаен е и фактот што граѓаните сами го одбраа она што навистина ѝм беше потребно – тоа е Пешачкиот мост преку реката Брегалница“, рече на крајот од сесијата Катерина Антовска.

IMG 7700

Градоначалникот на општина Делчево г. Горан Малешевски на присутните граѓани ѝм честиташе на направениот избор, а потоа од страна на граѓаните ги прими и 37-те препораки, за кои истакна дека, тој заедно со општинската администрација ќе направи се што е во рамките на нивните можности, истите да се реализираат во што е можно поголем број.

На крајот на форумската сесија беше формирана работна група за следење на имплементацијата на избраниот проект и препораките, за кои ќе ги известат граѓаните на општина Делчево на последователната 6 форумска сесија.

Similar Posts