24 Вести: Невладиниот сектор во земјава се повеќе поделен

Невладиниот сектор во земјава се повеќе поделен. Дел од граѓанските здуженија обвинуваат дека оние кои што не се под закрила на власта мака мачат кога треба да реализираат некакви проекти и да учествуваат во донесувањето на важни општествени одлуки. Велат за нив нема никој слух и покрај тоа што сакаат да придонесат во општеството. Регулативата на сите оние закони кои го засегаат граѓанскиот и невладиниот сектор во земјава функционира, но во пракса спроведувањето се уште не е целосно велат и од оделението за граѓанското општество МЦМС.

Од таму тврдат дека невладините организации со кои владата соработува ги познаваат законските одредби и сето она што е во нивна надлежност, но правото на избор со која организација ќе соработува сепак ја има власта.

Поделбата на невладиниот сектор и граѓанското општество се најде меѓу забелешките и во извештајот на ЕК за Македонија. Странските експерти до сега неколку пати апелираа на поголемо учество на граѓанските здруженија во донесувањето на важни општествени одлуки не зависно од тоа дали и кога земјава ќе добие датум за конечно отпочнување на преговорите за влез во Унијата.

Извор: 24 Вeсти (11.11.2012)

Similar Posts