Одржана првата седница на новиот состав на Управниот одбор
Новиот состав на Управниот одбор (УО) на МЦМС ја одржа својата прва седница на 25 јули 2013 г. За претседавач на УО е избран Ризван Сулејмани, кој и во изминатиот четиригодишен мандат ја вршеше оваа функција. За заменик-претседавач на УО беше избрана Габриела Мицевска.
На седницата беше разгледан и одобрен полугодишниот деловен извештај за 2013 г. МЦМС оствари висока реализација на проектното портфолио, поточно во првото полугодие започна 11, а спроведуваше вкупно 16 проекти (вклучувајќи ги проектите започнати во претходната година).
Управниот одбор ја одобри и програмата „Борба против корупцијата (БПК)“, финансирана од УСАИД, а беше разгледан и одобрен и Правилникот за доброволна работа и учење низ работа, со кој се уредуваат условите и начинот за доброволната работа и учењето преку работа; вршењето избор; правата и обврските на доброволците и практикантите; надоместоците; и организацијата и управувањето на доброволната работа и учењето преку работа и вршењето надзор.