2013 – 20 години МЦМС

IMG 0793

Договорот со УСАИД за реализација на тригодишна програма за борба против корупцијата како и започнувањето на три нови проекти финансирани од ЕУ ја одбележаа 20-тата година од основањето на МЦМС: Регионална платформа за борба против корупција, Развивање на Балканското граѓанско општество и Од норма до пракса за еднаквост. На крајот од годината МЦМС одбележа 20 години од основањето.

Во 2013 година МЦМС спроведуваше 19 нови проекти и реализира буџет од 68 милиони денари.

Започна спроведувањето на Програмата за борба против корупцијата, финансирана од УСАИД. Програмата се спроведува во партнерство со ИДСЦС, АДИ и Транспарентност Македонија. Започнаа и три проекти финансиски поддржани од Европската Унија: Регионална платформа за борба против корупција, Развивање на Балканското граѓанско општество и Од норма до пракса за еднаквост.

МЦМС во соработка со ИДСЦС го спроведе проектот „Мојот избор 2013“, кој опфати активности поврзани со набљудување на локалните избори, истражувања на јавното мислење, следење на застапеноста на кандидатите во интернет медиумите, набљудување на работата на изборните органи и набљудување на самиот ден на изборите, како и активности за анализа на изборните програми на кандидатите за градоначалници. 

Во рамките на истражувачките активности МЦМС спроведе анкета со компаниите за влијанието на економската криза, како и анализа на околината за развој на претпријатијата. По петти пат се спроведе и анкетата за довербата во Македонија за која беа објавени два извештаи: Довербата во граѓанското општество и Довербата во луѓето и во институциите. 

Продолжи следењето и придонесот кон подобрена околина за граѓанските организации, со серија консултативни настани со граѓански организации и органи на државната управа за даночното опкружување, како и за можностите со директно занимавање со економски активности. Беше развиена и методологија за следење на индикаторите предвидени во Матрицата за овозможувачката околина за граѓанскиот сектор.  

МЦМС за прв пат почна да го спроведува проектот „Информирање на земјоделците во општина Кривогаштани“. Ова е проширување на соработката на МЦМС со Сокотаб и Филип Морис интернационал менаџмент С.А., со кои МЦМС веќе соработува во областа на модернизација на образованието.

Форумите во заедниците се спроведуваа во осум општини: Чешиново-Облешево, Делчево, Желино, Шуто Оризари, Аеродром, Василево, Босилово и Македонска Каменица, а во рамки на програмата Оспособување на жените погодени од конфликтот се работеше и на анализа на пазарот на трудот во седум општини. Продолжи јакнењето на ромските граѓански организации од Македонија, во чии рамки се подготвија 17 проектни пријави за различни донатори. 

МЦМС го избра новиот состав на Управниот одбор на МЦМС со мандат од четири години (2013-2017), како и три нови члена на Советот на МЦМС.

2013

Similar Posts

  • 2011 – Мојот избор и истражувања

    МЦМС активно се вклучи во набљудување на парламентарните избори со „Мојот избор“. На 10 годишнината од Охридски рамковен договор МЦМС спроведе сеопфатно истражување. Започнаа активностите за прекугранична соработка Македонија – Албанија. Со три општини се изработени локални стратегии за соработка со граѓанските организации. Во првите девет месеци започна спроведувањето на 18 проекти, а се спроведуваа…

  • 2008 – Добро управување во Македонија

    Работата во општините продолжи со програмата Форуми во заедниците и учеството во Стратегијата за реформи на комуналниот сектор. Повторно беа спроведени истражувањата Довербата во граѓанското општество и Опште-ствената одговорност на граѓаните. Беа реализирани две кампањи „Донирај од својот данок“ и „И Македонија и НАТО“, а започна и програмата „Добро управување во Македонија“. Заради вниманието на…

  • 1997 – Развој на локалните заедници

    Заминува ХМП од Македонија и МЦМС го загуби Херт Јан ван  Апелдорн, без кои МЦМС немаше да биде  она што е денес. МЦМС ги продолжува активностите за развој на локалните заедници. Со младински и студентски организации од различни етнички социјални групи и подмладоци на политички партии се организира Младинската летна школа за дијалог. Фокусот на…

  • 2009 – Меѓусекторска соработка

    Спроведена е кампањата „Чиста сметка – здрава вода“. Издаден е Адресар на организации на иселеници. Основан е сојузот „Македонија без дискриминација“ од 11 организации. МЦМС се посвети на меѓусекторска соработка илустрирана со учество во Националниот совет за европски интеграции и со придонесот за воспоставување на Заеднички-от консултативен комитет на граѓанското општество ЕУ-РМ. Во 2009 година…

  • 2003 – Јас живеам овде

    МЦМС одбележа десет години на успех, кој е веќе потврден со бројните признанија. МЦМС во јубилејната година ги реафирмираше своите вредности со кампањата „Јас живеам овде“. Започна пилот-работа со црквите и верските заедници за меѓусебна толеранција. МЦМС го објави првиот број од „Граѓански практики“ во потрага на наше, домашно разбирање на граѓанското општество. МЦМС го…

  • 1999 – Прибежиште Македонија

    Косовската криза го наведе МЦМС целосно да се посвети на обезбедување прибежиште на бегалците на граничните премини, во бегалските кампови и во семејствата, во соработка со 21 организација. Во духот на добрососедство, МЦМС го прави првиот чекор надвор од Македонија со програма за обновување на Косово. МЦМС ја започна својата прва голема кампања – „Цело…