Борис Ристовски
Борис Ристовски, Соработник за интернет и нови медиуми
brs@mcms.mk
+ 389 2 3088 972
Борис Ристовски е роден на 28 јуни 1983 година. Во МЦМС е вработен како соработник за интернет и нови медиуми и работи на развој на веб базирани решенија како и присуство на социјалните медиуми. Дипломиран инженер за интернет и мобилни технологии на Институт за информатика при Природно-математичкиот факултет во Скопје и магистар за комуникации и нови медиуми на Њујорк Универзитетот Скопје.
Од 2006 година работи на развој и одржување на голем број на веб-сајтови од јавен карактер, како и веб-решенија кои употребуваат краудсорсинг (crowdsourcing) и краудмапинг (crowdmapping) концепт. Одговорен е за промоција и активизам преку социјалните медиуми, а спроведува и обуки за користење на нови технологии, употреба на социјални медиуми и интернет маркетинг. Спроведува квантитативни истражувања за начините на употреба на интернетот и социјалните медиуми.
Автор е на следниве трудови:
- Интернет-присуство на кандидатите во изборите 2013 г.
- Краудсорсинг – нов концепт на аутсорсинг и негова употреба во моделот краудмапинг за онлајн геомапирање на информации
- Употреба на социјалните медиуми од страна на граѓанските организации во Република Македонија
- Интернет-присуство на партиите во изборите 2011 г.
- Анализа на терцијарни поддомени во секундарниот поддомен ‘org.mk’