Совет за соработката меѓу Владата и граѓанскиот сектор [јавна реакција]
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) упатуваат јавна реакција по повод донесувањето на Одлуката за формирање Совет за соработка меѓу Владата и граѓанскиот сектор.
Двете организации ја поздравуваат донесената одлука, но изразуваат загриженост заради:
- Недоволната партиципативност на процесот на консултации во фазата на усвојување на Одлуката;
- Застапеноста, односно бројноста на граѓанските организации во Советот;
- Предложеното ниво на државни службеници;
- Временскиот период кога се носи Одлуката.
Двете организации изразуваат уверување дека надлежните институции ќе ги земат предвид укажувањата и дека ќе изнајдат решение за подобрување на Одлуката а со тоа и на Советот за соработка кој за граѓанскиот сектор е клучна алатка за дијалог и артикулирање на потребите за негов континуиран развој.
Јавната реакција во целост можете да ја видите овде.