Матрицата за развој на граѓанското општество низ видео

logosx2-702x336

Краток документарен филм ја открива приказната за создавањето на матрицата за следење на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество. Оваа алатка која започнаа да ја создаваат експертите на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) со поддршка на Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) уште во 2012 година, треба да влијае на политиките на Европската комисија за поддршка на граѓанското општество во земјите од проширувањето.

БЦСДН работи веќе 15 години и благодарение на своите активности прерасна во влијателна мрежа од регионот. Оваа мрежа на 15 организации од 10 земји од регионот на Југоисточна Европа придонесува за развивање на подобри политики за создавање овозможувачка околина за развој на граѓанското општество.

МЦМС е иницијатор и основач на (БЦСДН).

Similar Posts