Каква беше овозможувачката околина за развој на граѓанските организации во 2016

MM logo

Започна прибирањето податоци за проценка на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество за 2016 година. Ги повикуваме сите граѓански организации да придонесат со своите одговори. Прашалникот може да го пополните доколку ни испратите е-маил и име на организацијата на str@mcms.mk најдоцна до 27 октомври 2016 година (четврток). Ќе добиете линк на кој ќе можете да го отворите и пополните прашалникот.

Податоците ќе бидат основа за подготовка на извештај со кој ќе ги информираме релевантните чинители и ќе направиме притисок за развој на соодветно законодавство и неговото доследно спроведување.

Последното истражување резултираше со Извештајот од следењето на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество што го подготви и издаде МЦМС на почетокот од 2016 година. Истражувањето се подготвува четврта година по ред.

Прашалникот е подготвен во рамки на проектот „Acquis на балканското граѓанско општество: Јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“. Проектот е спроведуван од БЦСДН и членките на БЦСДН, во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и Европската мрежа на национални граѓански организации (ЕННА), а финансиски поддржан од Европската Унија.

Similar Posts