Валентина Величковска

Валентина Величковска

Валентина Величковска, Соработник на проект
vat@mcms.mk
+389 2 3065 381

Валентина Атанасовска е родена на 22.02.1976 година во Крива Паланка. Во 1999 година дипломира на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и се стекнува со звањата „Професор по англиски јазик и книжевност“ и Филолог по англиски јазик и книжевност – преведувач. Во 2002 ги продолжува студиите на Универзитетот во Чикаго (Northeastern Illinois University), САД каде магистрира деловна администрација. За време на постдипломските студии работи како асистент на факултетот во областа на истражување и статистика.

Во текот на четиринаесетгодишното искуство (2003-2017) работи на проекти финансирани од странски донатори (Европска Унија и Светска банка) што и овозможува да се стекне со знаења и вештини за спроведување проекти во низа области како е граѓанското општество, политиките за вработување, социјалната и здравствената заштита и децентрализацијата. Во периодот 2009-2017 работи на регионалниот ЕУ проект „Техничка поддршка за граѓанските организации – ТАКСО” финансиран од Европската комисија. Во МЦМС доаѓа во февруари 2018 година на позицијата координатор на програмата Национален ресурсен центар за граѓански организации.

Similar Posts

  • Милка Божиновска-Миова – Консултант

    Милка Божиновска-Миова, Консултант/Обучувачmmv@mcms.mk Родена на 30.12.1960 година во Скопје. Дипломира на Економскиот факултет на универзитетот „Св. Кирил и Методиј„- Скопје, на Планско-аналитичка насока. Има 24 години работно искуство во финансиско-сметководствената струка. 12 години во „Југосуровина “, од кои 6 на раководна функција, и 3 години во книговодствено-консалтинг биро „Геа“. Од 2000 година е вработена во…

  • Горан Стаматоски

    Горан Стаматоски, Помлад соработник на проектgst@mcms.mk +389 2 3065 381 Горан Стаматоски е роден 29.10.1989 во Битола. Додипломец на Институтот за Етнологија со Антропологија, со интереси во социјалните аспекти на материјалната и духовната култура. Во текот на студирањето се стекнува со неколку месечни волонтерски/работни искуства. Преку невладината организација „Креактив” и Волонтерскиот Центар Скопје, како дел…

  • Фисник Шабани

    Фисник Шабани, Помлад Соработник на проектfsh@mcms.mk +389 2 3088 994 Роден е на 29.04.1986 година во Куманово. Има завршено додипломски студии на Правниот факултет во Државен Универзитет во Тетово (ДУТ) и моментално ги завршува магистерските студии по Граѓанско право на Правниот факултет при Државниот Универзитет во Тетово (ДУТ). За време на студиите од 2006-2008 беше…

  • Јетон Красниќи

    Јетон Красниќи, Соработник на проектjkr@mcms.mk+389 2 3065 381 Јетон Красниќи има обемно работно искуство во областа на меѓународни развојни програми со фокус на добро владеење, човекови права и социјална инклузија низ призмата на владеењето на правото и економски развој.Во изминатите 15 години Јетон има работено на повеќе доглотрајни како и неколку краткотрајни работни ангажмани во…

  • Емина Нурединоска

    Емина Нурединоска, раководителenr@mcms.mk+ 389 2 3088 979 Родена е на 16.04.1974 година, во с. Жировница. Дипломира на Правниот факултет во Скопје во 1997 година. Од 2010 година магистер е по меѓународно право – тема „Слободата на здружување како човеково право во демократијата“ на Правниот факултет „Јустинијан 1“ во Скопје. Фокусот на активности е институционален развој…

  • Марија Саздевски

    Марија Саздевски, Соработник на проектmsz@mcms.mk+389 2 3088 983 Родена е на 19 септември 1982 г. во Крагујeвац, Србија. Дипломирала на Економскиот факултет на Белградскиот универзитет. Своето академско образование го продолжила со последипломските студии на Универзитетот Парис 1 Пантеон-Сорбона и Ка Фоскари Венеција како носител на стипендијата Ерасмус Мундус на Европската комисија. Во МЦМС работи на…