Повик за советник/чка (Сениор експерт/ка) за застапување
Македонски центар за меѓународна соработка во рамки на проектот „Патот кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата“, објавува повик за ангажирање на советник/чка (сениор експерт/ка) за застапување.
Вид на ангажман: Консултантски
Времетраење на ангажманот: 21 октомври – 31 декември 2021 година.
За проектот: Проектот „Патот кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата“ се спроведува од МЦМС во партнерство со НЕКСУС – Граѓански концепт, Иницијатива за европска перспектива, Плиадес и Хоризон Цивитас.
Општа цел на проектот е: иницирање холистички пристапи за одржлива реинтеграција на ранливите семејства (вклучително и оние со повратници од странски војски) во државата.
Цел на ангажманот
Овозможување пристап и фацилитирана комуникација со заедниците во следните општини: Скопски регион: Чаир, Бутел, Гази Баба, Сарај, Студеничани, Арачиново; Полошки регион: Тетово; Североисточен регион: Куманово и Липково, како и други општини населени со население од мешан етнички состав.
Експертот/ката треба да ги исполни следниве услови:
- Завршено високо образование од областа на општествените науки, политички науки, право, меѓународни односи (магистериум или докторат ќе се смета за предност);
- Практично искуство во областите на социјална инклузија и соработка со институции (најмалку 10 години), особено со локалните самоуправи;
- Сеопфатно знаење и разбирање на тематиката за насилен екстремизам;
- Практично искуство во застапување со различни чинители;
- Запознаеност со политичкиот контекст во државата;
- Познавање на меѓународните правни инструменти и домашните закони во областа на човекови права, заштита од дискриминација, превенција од насилен екстремизам, реинтеграција и ресоцијализација на маргинализирани групи;
- Напредно знаење на пишан и говорен македонски, англиски и албански јазик;
Должности и одговорности
- Развивање на план за застапување за проектот;
- Координирање на процесот со проектниот тим, вклучувајќи предизвици и бариери кои произлегуваат за време на задачата;
- Фацилитација на пристапот и соработката со сите релевантни засегнати страни, особено со наведените општини;
Процедура за аплицирање
За да аплицирате, Ве молиме да ни го испратите вашето CV како и финансиска понуда (цена по експертски ден), на следната e-адреса, со ознака „Пријава за експерт/ка за застапување“, на: gst@mcms.mk, не подоцна од 19 октомври 2021 година.