Повик за истражувач/ка – фацилитатор/ка на фокус групи
Македонски центар за меѓународна соработка во рамки на проектот „Патот кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата“, објавува повик за ангажирање на истражувач/ка – фацилитатор/ка за спроведување на 9 фокус групи (1-2 часа, онлајн) со државни службеници, граѓански организации и медиуми.
Вид на ангажман: Консултантски
Времетраење на ангажманот: 21-30 октомври 2021 година.
За проектот: Проектот „Патот кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата“ се спроведува од МЦМС во партнерство со НЕКСУС – Граѓански концепт, Иницијатива за европска перспектива, Плиадес и Хоризон Цивитас.
Општа цел на проектот е: иницирање холистички пристапи за одржлива реинтеграција на ранливите семејства (вклучително и оние со повратници од странски војски) во државата.
Квалификации
Истражувачот/ката пред сè треба да има докажано искуство во спроведување на истражувања, како и фацилитирање на фокус групи. Истражувачот/ката треба да демонстрира добро знаење и експертиза во областа на социјална инклузија.
Истражувачот/ката треба да ги исполни следниве услови:
- Професионално искуство во истражувачка методологија, прибирање на податоци и анализа (најмалку 5 години искуство);
- Сеопфатно знаење и разбирање за насилен екстремизам;
- Знаење и разбирање за локалниот политички, економски и социјален контекст;
- Дизајн и адаптација на методологии и алатки за собирање примарни податоци (на пр. Прашалник, интервјуа, дискусии во фокус групите);
- Способност да се анализираат и интерпретираат податоците;
- Магистерска диплома во области од општествени науки;
- Докажани вештини за испорака на услуги во краток рок;
- Напредно знаење на пишан и говорен македонски, англиски и албански јазик;
Должности и одговорности
- Фацилитирање на 9 фокус групи;
- Координирање на процесот со проектниот тим, вклучувајќи предизвици и бариери кои произлегуваат за време на задачата;
- Координирање на сите релевантни засегнати страни, учесници на фокус групи;
- Подготовка на извештај од фокус групите и вклучување на забелешки/коментари од релевантните засегнатите страни во извештајот;
Процедура за аплицирање
За да аплицирате, Ве молиме да ни го испратите вашето CV (вклучувајќи и препораки) како и финансиска понуда (цена по фокус група), на следната е-адреса, со ознака „Пријава за истражувач/ка-фацилитатор/ка на фокус групи“, на: gst@mcms.mk, не подоцна од 19 октомври 2021 година.