Нов двомесечен билтен на СЕЛДИ за случувања на полето на антикорупција

seldi newsletter 61

Во новиот двомесечен билтен на СЕЛДИ може да прочитате за новите случувања на полето на антикорупција на Балканот и активностите на организациите членки на мрежата.

Во февруари СЕЛДИ го оддржа редовниот годишен состанок на мрежата, а пред тоа организираше и вебинар посветен на ГО и Мрежите на ГО од регионот, нивната соработка, простор за вмрежување и заеднички активности. ЦЦИ продолжи со активностите за јакнење на капацитети на дел од институции, додека пак ИДСЦС организираше стратешки работилници со државни институции и ГО  за корупцијата во 2030.

Дополнително, за напредокот на Црна Гора и постигнувањата може да читате од документите за јавни политики подготвени од ЦДТ, а за влијанието на регионалните организации и иницијативи во ЗБ и улогата на Собранието во справување со дезинформации пишуваа ИДСЦС.

Информациите се собрани од повеќе различни извори за да ви овозможат најрелевантни информации од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија. 

Билтенот е подготвен во рамки на програмата „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за мониторинг застапување и подигање на јавната свест (СЕЛДИ)”, која се спроведува од Mрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ), чиј координатор е МЦМС.

Програмата е финансирана од Европската Унија.

 

Similar Posts