Онлајн екстремизмот во Северна Македонија
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) подготви инфографик за Онлајн екстремизмот во РСМ при што ги користеше податоците објавени во истражувањето Онлајн екстремизмот во Северна Македонија: политика, етникуми и религија на истражувачите на Мрежата Стронг ситис (Strong Cities Network).
Од истражувањето се гледа дека екстремизмот како појава во виртуелната сфера постои и кај етничките Македонци и кај етничките Албанци. Од содржините кои имаат карактер на поларизација, омраза и екстремизам, најбројни се наративите со политичка поларизација. Поголем процент од пораките се на македонски јазик (73%). Најголем број од овие пораки се објавени на Твитер (55%), а потоа следуваат Фејсбук и Веб форумите. Околу една четвртина од идентификуваните содржини имаат елементи на етничка омраза.
За користењето на податоците, МЦМС обезбеди претходна согласност. Самата подготовка е направена како дел од програмата „Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата (РРП)“ што ја спроведуваат МЦМС, Нексус – граѓански концепти, Иницијативата за европска перспектива, Плеиадес и Хоризон Цивитас, а финансиски го поддржува Глобалниот фонд за ангажираност и отпорност на заедницата – ГЦЕРФ.
