Јавен повик за доделување на Грантови за брз одговор
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) објавува јавен повик за доделување на Грантови за брз одговор. Повикот е во рамки на програмата „Граѓаните против корупцијата“ (ГПК) финансирана од Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД/Северна Македонија.
Целта на повикот за грантови за брз одговор е да се преземат итни, вклучувачки и влијателни акции за актуелни потреби и предизвици поврзани со корупцијата.
Во овој повик се преферира предложените акции и интервенции поврзани со корупција да се однесуваат на претстојните претседателски и парламентарни избори во Република Северна Македонија. Сепак не се исклучува можноста за доставување на апликации кои предвидуваат акции за брз одговор за други области подложни на корупција.
Повикот е индивидуален, отворен за сите регистрирани граѓански организации и мрежи на граѓански организации како и за неформални мрежи.
Минимален износ за кој може да се достави апликација е 224.000 денари ($4.000), додека максимален износ е 560.000 денари ($10.000). Ќе бидат поддржани апликации кои траат минимум 2 месеци и максимум 5 месеци.
На овој повик се аплицира по електронски пат. Апликантите најпрвин мора да креираат профил на платформата: www.grants.mk (преземи Водич за креирање профил).
Краен рок за поднесување на апликациите 4 март 2024 г. до 13:00 часот (македонско време).
За подетални информации во врска со повикот за Грантови за брз одговор, организираме онлајн информативна сесија на 20 февруари (вторник) во 12:00 часот! Регистрирај се тука: https://forms.office.com/e/LiJBfj473N?origin=lprLink
Целокупните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во Упатството за аплицирање.
Целосната апликација за овој повик вклучува пополнување и прикачување на grants.mk на:
- Формулар за аплицирање (word document)
- Буџет и оправданост на буџетот (excel document)
- Изјава на апликантот (со печат и потпис – pdf document)
- Само во случај кога апликант е неформална мрежа – Согласност на членките на мрежата, конкретна членка да аплицира во име на неформалната мрежа (со печат и потпис – pdf document)
Заинтересираните организации може да поставуваат прашања поврзани со повикот за Грантови за брз одговор на следната адреса: gpk-grants@mcms.mk