Јавен повик за избор на добавувач за спроведување на оценка на програма

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ги поканува сите заинтересирани субјекти да учествуваат во постапката за набавка на услуги за спроведување оценка (завршна студија) на програмата „Патот кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата“ (јули 2021 – септември 2025).

Постапката за набавка се спроведува како дел од проектот „Истражување и развој“, бр. 21 08 РРП 401, финансиран од Глобалниот фонд за ангажираност и отпорност на заедниците (ГЦЕРФ), а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Нексус-граѓански концепт и здружението Плиадес.

Право на учество имаат сите заинтересирани понудувачи кои ги исполнуваат условите наведени во Описот на надлежности.

Рокот за доставување на понудите е 5.09.2025 г. до 16:00 часот на е-маил адресата gjk@mcms.mk или на адресата на МЦМС, ул. Никола Парапунов бр.41а, 1060 Скопје.

Similar Posts