Алфа: Брисел ги оценува реформите за визна либерализација
Под мотото „Заедно за едно – Македонија во Европската Унија“ вчера во Скопје почна четвртиот Форум на граѓанското општество, кој има цел да ги подобри комуникацијата и соработката меѓу невладините организации, државата, деловниот сектор и граѓаните. Саемот ќе трае до недела.
Балканска мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) е мрежа на 14 граѓански и екуменски организации од 10 земји на Балканот (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Рома-нија, Словенија и Србија). Главна цел на мрежата е јакнење на напорите за координација, соработка и градење на капацитетите на организациите-членки и останатите партнерите…
Во ДУИ велат дека Велиу и’ прави штета на партијата, но бидејќи му е вујко на Ахмети, само лидерот може да пресече до кога и дали ќе го толерира.
Во некои амбасади на граѓаните им бараат да поднесат нестандардни документи кои воопшто не ги издаваат некои надлежни институции или едноставно нема такви, велат од МЦМС, кои спроведуваат проект Набљудување на визниот режим. Оттаму забележуваат и дека граѓаните не знаат точно кои се предностите од Спогодбата, а кои се нивните обврски, па имаат големи очекувања
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамките на програмата “Институционален развој “ ќе поддржи публикување на 7 магистерски трудови кои ќе обработуваат прашања од областа на граѓанското општество.
Македонскиот центар за меѓународна соработка со задоволство Ве известува дека е завршен Индексот на граѓанското општество во Република Македонија (ИГО) што беше дел од меѓународниот акциско-истражувачки проект координиран од ЦИВИКУС, Светската алијанса за граѓанско учество. „По 15 години транзиција- од стабилизација кон граѓанско учество“ е насловот на македонскиот извештај што можете да го најдете на…