Советот го избра новиот Управен одбор

Советот го избра новиот Управен одбор

На 19 мај оваа година Советот на МЦМС ја одржа својата втора седница. На седницата, Советот го усвои Деловниот извештај за 2008 година со финансискиот извештај и извештајот на ревизорите и ги избра членовите на новиот Управен одбор на МЦМС.

Новоизбраните членови на Управниот одбор се: Билјана Герасимовска – Китановска, Бехиџудин Шехапи (од редот на граѓански организации);  Ѓоко Ѓорѓевски (МПЦ), Јагуп Селимовски (ИВЗ) (од редот на црквите и верски заедници); Ризван Сулејмани (од редот на институциите за истражување и развој); Кочо Анѓушев (од редот на приватниот сектор); Горан Михајловски и Славко Велевски (од редот на други и неспомнати предлагачи).

Мандатот на УО на МЦМС е од 2009 до 2013 година.

Similar Posts