Граѓаните не се за предвремени избори
Вовед
МЦМС спроведе повеќе истражувања за прашања од општествен интерес, како доверба, општествени вредности и општествена одговорност на граѓаните, и за актуелни прашања, како што се ставовите на граѓаните за предвремени избори.
Методологија
Прашањето е поставено во рамките нa теренска анкета – лице во лице, во домаќинствата во декември 2010 г. на репрезентативен примерок од 1.050 испитаници. Популациската рамка на примерокот беше население постаро од 18 години, а критериуми за репрезентативност беа: пол, етничка припадност, возраст, место на живеење и региони.
Теренската анкетата за МЦМС ја спроведе Институтот за социолошки и правно-политички истражувања (ИСППИ).
Предвремени избори
Еден од два граѓани е против предвремени избори, а еден од три граѓани е за предвремени избори, односно против се 49,7 %, а за 36,3 %.
П1. Дали сте за предвремени избори?
Искажаниот став за предвремените избори е сличен за граѓаните по основа на пол, возраст, работен и социјален (класен) статус, степен на образование и место на живеење. Разлики се јавуваат по основ на етничка определеност и на симпатизери на политички партии, како и по региони.
Етничките Македонци се 52,9 % против предвремени избори, а 32,5 % се за. Меѓу етничките Албанци односот е изедначен, 44,4 % се против, а 45,9 % се за предвремени избори.
Табела 1. Споредба на ставовите на етничките Македонци и на етничките Албанци

Против предвремени избори се симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а за предвремени избори се симпатизерите на СДСМ и ДПА. Против предвремени избори се и граѓаните кои не се симпатизери на ниедна партија.
Табела 2. Споредба на ставовите на симпатизерите на политичките партии

Најмала поддршка за предвремени избори има во југоисточниот регион (20,2 %), а најголема во полошкиот (46,7 %). Во скопскиот регион 51 % од граѓаните се против предвремени избори.
Табела 3. Споредба на ставовите по региони
