е-Билтен број 126
е-Билтен на МЦМС – Број 126 (PDF)
е-Билтен на МЦМС – Број 126 (PDF)
Во Елбасан, Албанија на 30 и 31 јануари 2012 г. се одржа работилница за вмрежување и соработка меѓу 21 граѓанска организација од регионите: Полог, југозападна Македонија, Дибра и Елбасан.
Др. Хелена Гај Студерт, амбасадор на Австралија, на 26 јануари 2012 година ја посети Асоцијацијата за интеграција на Ромите Месечина во Гостивар која е партнерската организација на МЦМС. На средбата присуствуваше и Александар Кржаловски, првиот извршен директор на МЦМС.
Александар Кржаловски, првиот извршен директор на МЦМС, на 26 јануари 2012 година учествуваше на средбата на австралиската амбасадорка др. Хелена Гај Студерт, со партнерската организација Месечина во Гостивар.
Студеното време не го спречи жителите на Чешиново-Облешево да присуствуваат на четвртата форумска сесија, на 26 јануари 2012 година, и уште еднаш да разговараат за можните решенија на нивните проблеми кои се однесуваат на јавната чистота. Вкупно 83 граѓани ги слушнаа презентациите на предлог проектите и ги дадоа своите финални забелешки. Освен забелешките, тие ја…
Автори: М-р Анета Данева Мострова Дата: 2011 година PDF: javni-nabavki-mkd.pdf Јавните набавки се тема што го привлекува вниманието на целокупната јавност од почетокот на новиот милениум, поради фактот што голем процент од националниот буџет отпаѓа токму на постапките преку кои државата купува стоки, работи и услуги. Темата добива исклучително значење поради фактот што таа е…
Граѓаните на Чешиново-Облешево на 12 јануари 2012 година присуствуваа на третата по ред форумска сесија. Тие имаа можност да слушнат четири концепти што ги подготвија работните групи помеѓу двете форумски сесии: „Опрема за одлагање на смет“; „Чистење на дивите депонии и уредување на просторот“; „Специјална механизација за собирање, изнесување и депонирање на смет“ и „Подигање…
По повод смртта на Киро Глигоров, првиот претседател на независна Република Македонија, претставници на МЦМС се потпишаа во книгата на жалост. МЦМС ја искажа својата благодарност за учеството во поставувањето на темелите на македонската држава, но и за поддршката што претседателот Киро Глигоров ја даваше на граѓанското општество и на МЦМС во раните години од…
е-Билтен на МЦМС – Број 125 (PDF)
Македонскиот центар за меѓународна соработка има утврдено дека е опаднат бројот на граѓаните, кои дарувале: од 71 проценти во 2009-та година, на 65 отсто во 2010-та. Сашо Клековски, аналитичар од споменатиот центар, кој беше вклучен во истражувањата на добротворството, ги изнесува своите индивидуални согледувања за 2011-та година – дека сепак, постапно започнува да се враќа…