Поврзувањето со корените е авантура за младите со македонско потекло
Четворица млади студенти од дијаспората успешно го завршија својот тринеделен престој во земјата. На завршниот настан по повод заокружување на програмата „Родум од Македонија“ кој се одржа на 18 јули 2024 година, тие ги споделија своите впечатоци и искуства.