Четири концепти за проекти изгласаа граѓаните на Радовиш и Конче
На четвртата форумска сесија што се одржа на 21 јануари оваа година, граѓаните на Радовиш и Конче поддржаа четири концепти кои во следната фаза треба да станат предлог проекти.
Концептите, согласно темата, се фокусирани на водоснабдување и отпадни води: „Искористување на атмосферската вода како техничка и поделба на региони на населените места според надморската висина“; „Кампања за правилно користење на водата“; „Техничка опрема за одржување на мрежата за одвод на отпадните води“ и „Третман на отпадни води и колекторски системи за отпадни води“.

Граѓаните ги утврдија работните групи кои понатаму ќе ги доработуваат концептите во предлог проекти.
Следната форумска сесија е закажана за 18 февруари, во Радовиш.