Утрински весник: Доделени наградите за најдобро уредени штандови
На Скопски саем, во саботата, заврши тридневниот трет НВО-саем – Форум на граѓанското општество на Македонија. Директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Сашо Клековски, соопшти дека во изминатите три дена биле одржани 48 панели, форуми и други настани.
НВО-саемот во чиј изложбен дел беа поставени 135 штанда на 205 граѓански организации го посетија 10.000 лица. Наградата за најдобро уреден штанд ја добија здруженијата на граѓани “Меѓаши” од Скопје, “Синергија” од Штип и Сојузот на извидници на Македонија. (МИА)