Гонце Јаковлеска – Консултант

Гонце Јаковлеска

Гонце Јаковлеска, Консултант/Обучувач
gjk@mcms.mk

Родена е на 13.07.1969 во Радовиш. Дипломира на Факултетот за политички науки во Белград, а во моментов е на пост-дипломски студии по Комуникологија на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања во Скопје. Ангажирана е во МЦМС од 1996 година и има 14 годишно искуство во практикување на односи со јавноста и комуникација со медиуми.

Како соработник за односи со јавноста, од 2003 година, таа е вклучена во развивање програма и спроведување обука за односи со јавноста. Обуките за односи со јавноста до сега ги спроведувала за луѓе со различно образовно, етничко, културно и верско потекло. Тоа биле активисти на граѓански организации, здруженија на земјоделци, претставници на државните институции, локалната самоуправа и за претприемачите. Во текот на обуката таа користи различни обучувачки и презентациски техники кои ги предизвикуваат учесниците и ги вклучуваат во процесот на учење.

Similar Posts

  • Емина Нурединоска – Консултант

    Емина Нурединоска, Обучувач/Консултант enr@mcms.mk Родена е на 16 април 1974 година, во с. Жировница. Дипломира на Правниот факултет во Скопје во 1997 година, и е магистер по меѓународно право –  тема „Слобода на здружување како човеково право во демократијата“ на Правниот факултет „Јустинијан 1“ во Скопје. Таа е ангажирана во МЦМС од 2001 година и…

  • Сашо Клековски

    Сашо Клековскиsasho@klekovski.mk Роден е на 13 април 1966 година во Скопје. Завршил Медицински факултет во Скопје. Оженет со Ана и има две деца Ангелина и Никола. Неговото искуство е дваесетгодишна работа на раководни позиции во граѓанскиот сектор. На крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите ги води Сојузот на студентите по медицина на Македонија и…

  • Даниела Стојанова

    Даниела Стојанова, Соработник на проектdst@mcms.mk+ 389 2 3088 980 Даниела Стојанова е родена на 11 јуни 1977 година во Скопје. Има дипломирано на комуникации и медиуми, а во тек се и постдипломските студии на истата насока. Од 1992 година активно членува во граѓанските организации, а од 1996 до 2001 г. вршеше повеќе одговорни функции во…

  • Тетјана Лазаревска

    Тетјана Лазаревска, Раководителtlz@mcms.mk+ 389 2 3088 997 Тетјана Лазаревска е родена на 19 мај 1961 година во Тетово. По професија е дипломиран економист. По завршувањето на студиите, до 1997 година работи во Младинскиот совет на Македонија. Во истиот период е косопственик на македонско-холандска компанија и овластен сметководител на повеќе македонски компании. Во МЦМС работи од…

  • Димче Митревски – Консултант

    Димче Митрески, Консултант/Обучувачdmt@mcms.mk Роден на 5.11.1968 г. во Прилеп. Во МЦМС е ангажиран од 1994 г. Тој е дел од средното раководство на МЦМС и е одговорен за раководењето на Одделението за развој. Како консултант е активно вклучен во градењето на капацитетите на локалната самоуправа во Македонија, пред сè преку развој и спроведување на обуки…

  • Управен одбор на МЦМС

    Управен одбор на МЦМС 2025-2029 Елена Кочоска Надир Реџепи Васил Манасиев Неда Милевска Костова Тетјана Лазаревска Сања Васиќ Назим Рашиди {slide=Управен одбор на МЦМС 2021-2025} Елена Кочоска Насер Селмани Самет Скендери Бобан Митевски Назим Рашиди Неда Милевска Костова Сања Васиќ {/slide} {slide=Управен одбор на МЦМС 2017-2021} Бобан Митевски Горан Михајловски Елена Кочоска Насер Селмани Самет…