Граѓанските организации бараат повеќе државни пари

drzhavna finansiska poddrska

Финансиската одржливост на граѓанските организации е најголемиот предизвик со кој тие се соочуваат. За реализирање на целите и активностите организациите зависат исклучиво од меѓународни донатори.

Затоа се запрашавме каков удел има државната поддршка на централно ниво во одржливоста на организациите?

Приходите од државното финансирање на централно ниво на граѓанските организации во земјава се значително пониски споредено со земјите од регионот. Споредбено по глава на жител во земјата се издвојуваат најмалку средства за граѓанските организации или само 2,24 евра.

Застапуваме за реформа на државниот систем за финансирање на граѓански организации!

Similar Posts