Како Романија се справува со корупцијата?
Новинари и претставници на граѓански организации беа дел од студиската посета во Романија што ја организираше МЦМС во периодот од 19 до 21 октомври 2016 година. Програмата опфати средби и разговори во институциите кои се занимаваат со борба против корупцијата како и граѓански организации и новинари ангажирани со овие прашања.
Тие имаа можност да се сретнат и да разговараат со Лаура Кодрута Ковеси, главната обвинителка на Националниот директорат за антикорупција, со претставници на Националната агенција за интегритет и на Агенцијата за управување со одземен имот.
Освен тоа, имаа средби и во Експерт форум и во Центарот за независно новинарство каде разговараа за тоа што прави граѓанскиот сектор и новинарите во Романија во борбата против корупцијата.
Низ разговорите, учесниците се обидоа да ги споредат институциите и нивната ефикасност во борбата против корупцијата. Тие изразија задоволство од можноста да бидат дел од студиска посета.
Новинарски приказни од студиската посета: