Консултативна работилнца за АДКОМ

Консултативна работилнца за АДКОМ

МЦМС заедно со Асоцијацијата на даватели на комунални услуги на РМ (АДКОМ) одржа консултативна работилница за дефинирање на приоритетите за реформи во комуналниот сектор и за подобрување на работата на Јавните комунални претпријатија (ЈКП). На работилницата учествуваа членовите на Управниот одбор на АДКОМ, а беше присутен и Ојстин Хауген, директор за меѓународни проекти на КС – Норвешка Асоцијација на Локални и Регионални Власти од Норвешка.

Главните цели на работилницата беа да се идентификуваат  стратешките насоки за формулација на апликација за подобрување на работата на ЈКП; да се дефинираат клучните елементи кои ќе бидат опфатени со предлог проектот и да се воспостават институционални контакти и соработка со претставниците на КС.

На работилницата беше направена анализа на потребите и приоритетите со фокус на неколку области: владини политики и секторски стратегии (водовод, пречистување на отпадните води, канализација и управување со цврст отпад); подобрено финансиско управување; структурна промена на комуналните претпријатија; јавно приватно партнерство; зајакната регулација; системско вреднување и подигање на јавната свест.

Апликацијата треба да ја подготват АДКОМ и КС.

Similar Posts