Утрински весник: Македонскиот центар за меѓународна соработка – Финансиска поддршка за НВО
Македонскиот центар за меѓународна соработка ќе обезбеди финансиска поддршка за активности на локални регионални невладини организации за проекти кои треба да се реализираат во рок од 6 месеци. Помошта е еднократна и може да изнесува од 60.000 до 140.000 денари.
Предност имаат организациите чии целни групи се жените, малцинствата, хендикепираните и младите и кои работат во секторите здравство, образование, човекови права, екологија, женски права и институционален развој.
Документите за пријавување можат да се достават во просториите на МЦМС најдоцна до 28 мај. (С.Кц.)