Менторство

Менторство е процес на давање на поддршка и совети на индивидуи или организации со цел да ги осознаат начините на кој можат да го подобрат своето работење.

Менторство може да биде насочено кон подобрување на сите аспекти на организациското работење: внатрешни организациски процеси и процедури, управување со ресурси, комуникација и односи помеѓу вработените, тимската работа, лидерството, комуникација и односни со партнери и клиенти, поставување на цели, годишно планирање, стратешко планирање и друго.

Крајна цел на процес на менторство е подобрување на организациската ефикасност и ефективност преку втемелени процеси на организациско учење и воспоставени нови иновативни пристапи во работењето.

Процесот на менторство се спроведува во организациите баратели на ваков тип консултации од страна на високо професионален, искусен и посветен тим на консултанти на МЦМС со практична примена на методологиите кои МЦМС ги користи во соодветните обуки.

Similar Posts

  • Стратешко планирање

    Стратешкото планирање е основно во процесот на одлучување за тоа каде организацијата сака да се најде себе си во иднина и како ќе стаса таму. Затоа стратешкото планирање започнува со прашањето зошто. Стратешкото планирање е сериозна анализа на надворешните фактори кои влијаат на успехот и неуспехот на организацијата и нејзините активности и има за цел…

  • Финансиско раководење

    Финансиското раководење не е само чување на сметки. Тоа е важен дел од раководењето со програма и опфаќа планирање, организирање, контрола и набљудување на финансиските ресурси на организацијата. Во актуелниот момент кога во контекстот брзо се случуваат промените, еден од основните услови за преживување на организациите е да развијат разбирање и доверба кон користењето на…

  • Добро владеење – управување

    Управувањето е концепт кој главно се однесува на начинот на кој се добива, пренесува и се практикува моќта за донесување одлуки во рамките на едно општество или организација. Според западните политички теоретичари, „доброто управување” претставува споделување на овластувањето за донесување одлуки, така што моќта и ресурсите нема да бидат акумулирани во рацете на поединец или…

  • Интегрирано раководење со проектен циклус

    Раководење со проектен циклус значи адекватно раководење и фацилитирање со портфолиото на проекти или програми. Раководење со портфолио на проекти или програми е комплексно заради големиот број на интервенции кои се превземаат како и големиот број на вклучени страни. РПЦ е комбинација на пристап, употреба на различни инструменти како и поврзување на овој пристап и…

  • Презентациски вештини

    Вашите презентациски способности можат да бидат клучни во развојот на вашата кариера, а на тој начин и во развојот на вашата организација. Затоа е важно тие постојано да се подобруваат и надградуваат. Не секој може да се пофали со структурирана презентација, добро илустрирана со примери која не само што им оставила впечаток на слушателите туку…

  • Системи и процедури

    Систем е збир на договори кои имаат за цел регулирање на активностите на управување и персонал со еден или повеќе поврзани организациски процеси. Како такви, системите се договори за внатрешните процеси и даваат насоки за нив. Системите можат да се опишат, врз основа на јасни договори, во една процедура. Еден систем не мора да биде…