Милка Божиновска-Миова
Милка Божиновска-Миова, Овластен сметководител
mmv@mcms.mk
+ 389 2 3088 977
Родена на 30.12.1960 година во Скопје. Дипломира на Економскиот факултет на универзитетот „Св. Кирил и Методиј„- Скопје, на Планско-аналитичка насока. Магистер е по економски науки – тема Сметководствен третман и евидентирање на гудвил, на Економскиот институт при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Има 32 години работно искуство во финансиско-сметководствената струка. 12 години во „Југосуровина “, од кои 6 на раководна функција, и 3 години во книговодствено-консалтинг биро „Геа“. Од 2000 година е вработена во МЦМС во Административно финансово одеделение како овласетн сметководител. Ангажирана е и како обучувач од областа на финансиите и сметководството.