Органите на државната управа подготвени ќе ја дочекаат својата слика во „Огледалото“

IMG 0687

Работилницата за методологијата за следење на отвореноста на органите на државната управа во подготовка на законите се одржа на 13 јуни 2012 г. во Скопје, во организација на МЦМС. Учествуваа претставници на институциите кои ќе бидат вклучени во пополнувањето на вториот прашалник за следење на вклученоста на јавноста во подготовката на законите.

Петнаесет претставници на 13 државни институции на почетокот се запознаа со целите, резултатите и активностите на проектот „Огледало на Владата“.

Тина Дивјак, експерт од ЦНВОС од Словенија ја потенцираше важноста на следењето на отвореноста на институциите и ги претстави резултатите и искуствата од повеќегодишното спроведување на  методологијата во Словенија. 

Во вториот дел од работилницата, Емина Нурединоска и Марија Саздевски од МЦМС, ги претставија индикаторите за следење на вклучувањето на јавноста во подготовката на законите. Учесниците ги дадоа своите предлози и коментари за прилагодување на прашалникот на контекстот во Македонија, што ќе го олеснипополнувањето на прашалникот од страна на институциите.

IMG 0672

Проектот „Огледало на Владата: учество на јавноста во процесите на подготовка на закони” е поддржан од Европската Унија од инструментот за човекови права и демократијата (ЕИДХР). Целта на проектот е да се зголеми соработка на граѓанските организации со органите на државната управа во процесите на креирање политики и подготовка на закони. Проектот се спроведува во партнерство со ЦНВОС од Љубљана и Балканска мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН).

Similar Posts