Преку обуки за лидерски вештини спортистките ги надминуваат дискриминаторските политики и структурните бариери

IMG e0ad39288981e69492ab09945e3925e6 V MCMS

Во рамките на проектот „Фер Игра: поддршка на родова еднаквост во спортските политики“, во изминатиот период се одржаа три работилници за зајакнување на лидерските вештини кај младите спортистки.

 

На дводневните работилници учествуваа повеќе од педесет девојки од Тетово, Гостивар, Струга и Скопје, кои градат успешна кариера во ракомет, одбојка, фудбал, карате, џудо, сноубординг, атлетика, тенис и други спортови. Учесничките имаа можност да бидат едуцирани за родово дискриминаторските политики и структурните бариери кои го ограничуваат потенцијалот на жените во спортот, како и за успешните стратегии за надминување на овие предизвици.

Девојките ги препознаа сличните бариери со кои се соочуваат во спортот, како што се нееднаквиот третман и поддршка при обезбедување на исти услови за тренинг, спортска опрема и униформи, како и при патување за натпревари. Исто така, тие истакнаа недостаток на жени тренери, со кои би се чувствувале посигурно, очекувајќи дека тие повеќе би ги разбирале нивните проблеми.

IMG a22a7ad2bea42f5743e101aed46dfbf3 V MCMS

По делот на мапирање и идентификација на системските бариери, преку индивидуални и групни вежби, учесничките ги подобрија своите меки вештини и познавањето на ефективни комуникациски стратегии и вештини за преговарање. Дополнително, работилниците беа фокусирани на инклузивно лидерство и лидерство засновано на вредности.

Целта на овие работилници е да придонесат кон зголемување на бројот на жени лидерики во спортот и поголема родова застапеност на жени на одлучувачки позиции во спортскиот сектор. Еден од заклучоците на работилниците е дека девојките и младите жени во спортот ретко имаат можност да учествуваат на обуки за зајакнување и ретко имаат можност за вмрежување и создавање меѓусебни партнерства.

IMG 8b48161af92c342918578753f9b3a73a V MCMS

Проектот го спроведуваат Олимпсикиот комитет на С. Македонија (како координатор), Македонскиот центар за меѓународна соработка, Спорт Соушл Солушнс и Македонски Параолимписки комитет. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија.

Similar Posts