Прекуграничен форум на граѓанското општество
Со одржувањето на почетниот состанок на партнерите, на 20 април 2011 година, започна релизацијата на проектот „Прекуграничен форум на граѓанското општество“. Проектот опфаќа активности за размена на искуства, комуникација, координација и соработка меѓу граѓанските организации од пограничните региони на Македонија и Албанија.
Во следните 12 месеци ќе бидат организирани осум тематски состаноци, една обука и една работилница за вмрежување и партнерство, како и НВО Саем. Активностите ќе се спроведуваат во полошкиот и југозападниот регион на Македонија и во регионите на Дибра и Елбасан во Албанија.Спроведувањето на проектот е во партнерство со Институтот за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија и Еколошко друштво „Дешат“ од Дебар. Проектот е финансиран од Европската комисија, во рамките на втората компонента на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), поточно на првиот повик за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија. Буџетот на проектот изнесува 102.625 евра за двете земји (58.047 за Македонија), во кои ЕК учествува со 85 %.