Проекти за модернизација на образованието
Во периодот од 2007 до 2015 година МЦМС со финансиска поддршка од Сокотаб од Швајцарија и неговите партнери успешно реализираше 20 акции за реновирање на рурални основни училишта, од претходно селектирани општини каде што претежно се одгледува ориентален тутун.
Општа цел е подобрени услови за учење и работа за учениците и персоналот во основните училишта.
Целта е условите во основните училишта се доведени во прифатливи стандарди во согласност со големината и потребите на училиштето.
Активностите подразбираат: Изработка на техничка документација и нејзина ревизија; Изготвување на целокупната документација за поддршка и финансирање на проектите; Подготовка и спроведување на тендери за избор на изведувачи и стручен надзор; Координација и соработка со сите вклучени актери; Набљудување и мониторинг на изведбените работи; Известување (тековно и завршно) и оценување.
Целна група на проектот се ученици и вработени во основно училиште.
Сите проекти се реализираат во блиска соработка со претставници на општините, основните училишта и Сокомак.
Проекти:
- Реновирање на основни училишта во рурални заедници 2011
- Реновирање на основни училишта во рурални заедници
- Реновирање на основно училиште во село Добрушево | 2008
- Реновирање на основно училиште во село Долно Количани | 2008
- Санација од штети од поплави во Конче | 2008
- Унапредување на квалификациите на наставниот кадар во основното образование | 2008
- Професионален развој на наставниот кадар во основните училишта | 2007
- База на податоци на основните училишта во Македонија | 2007
- Застапување и лобирање за образованието на Ромите | 2007
- Застапување и лобирање за децентрализација на декадата на Ромите на локално ниво | 2007