Резултатите од форумот пред граѓаните на Радовиш и Конче [Медиуми]
Дневник извести за резултатите од Форумите во заедниците во Радовиш и Конче каде спроведувачка организација беше МЦМС.
Радовиш доби специјално возило
По неколку дена Радовиш ќе добие специјално возило за чистење и одржување на канализациската мрежа. Камионот „мерцедес“, вреден 130 илјади евра, е пристигнат од Германија и во тек е царинење и хомологација. Набавката на возила и специјална опрема за одржување канализација ја изгласале граѓаните на општините Радовиш и Конче во рамките на програмата „Форуми во заедницата“. Конче веќе добило помало возило, кое, како и камионот за Радовиш, е обезбедено со средства од двете општини, како и од Швајцарската агенција за развој и соработка.
Според градоначалникот на Радовиш, Роберт Велков, вакво специјално возило, кое ќе му биде дадено на ЈКП „Плаваја“, било неопходно, покрај другото и бидејќи со сегашната механизација с` уште не можела квалитетно да се исчисти канализациската мрежа што настрада во големата поплава пред две години. (Љ.Ш.)