Сашо Клековски – Консултант

Сашо Клековски, Консултант
sasho@klekovski.mk

Роден е на 13 април 1966 г. во Скопје. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје. Од 1994 г. е извршен директор на МЦМС. Има над 20 години работно искуство во граѓанските организации во Македонија, а како консултант е ангажиран изминатите 10 години. Со практично искуство во раководење и подготовка на секторски анализи и стратегии и се стекнува како извршен директор на МЦМС. Практичното искуство вклучува раководење со 30 и повеќе вработени, со над 1500 проекти во Република Македонија и Косово и со буџет над 45 милиони евра. Тој постојано ги надградува и своите теоретски знаења и практичното искуство. Учествувал на обуки во организација на МДФ, Холандија, но и на други меѓународни консултантски куќи. Поради неговото знаење, искуство и вештини бил ангажиран во повеќе мисии за оценка на програми и организации, како и за проценка на потребите во Македонија, но и во Кавказ, Централна Азија и Балканот. Исто така е вклучен во подготовката и на повеќе секторски анализи. Автор е на дваесетина публикации и написи. Клековски е докажан експерт заради што често е канет да говори на конференции во Македонија и странство, а фасилитирал и бројни работилници, состаноци и тркалезни маси. Негови клучни квалификации се секторски анализи, анализи на организации и управување, развој на капацитети, фасилитација, управување со конфликти и постконфликтен одговор.

Similar Posts

  • Управен одбор на МЦМС

    Управен одбор на МЦМС 2025-2029 Елена Кочоска Надир Реџепи Васил Манасиев Неда Милевска Костова Тетјана Лазаревска Сања Васиќ Назим Рашиди {slide=Управен одбор на МЦМС 2021-2025} Елена Кочоска Насер Селмани Самет Скендери Бобан Митевски Назим Рашиди Неда Милевска Костова Сања Васиќ {/slide} {slide=Управен одбор на МЦМС 2017-2021} Бобан Митевски Горан Михајловски Елена Кочоска Насер Селмани Самет…

  • Борис Ристовски

    Борис Ристовски, Соработник за интернет и нови медиумиbrs@mcms.mk+ 389 2 3088 972 Борис Ристовски е роден на 28 јуни 1983 година. Во МЦМС е вработен како соработник за интернет и нови медиуми  и работи на развој на веб базирани решенија како и присуство на социјалните медиуми. Дипломиран инженер за интернет и мобилни технологии на Институт…

  • Емина Нурединоска – Консултант

    Емина Нурединоска, Обучувач/Консултант enr@mcms.mk Родена е на 16 април 1974 година, во с. Жировница. Дипломира на Правниот факултет во Скопје во 1997 година, и е магистер по меѓународно право –  тема „Слобода на здружување како човеково право во демократијата“ на Правниот факултет „Јустинијан 1“ во Скопје. Таа е ангажирана во МЦМС од 2001 година и…

  • Александар Кржаловски – Консултант

    Александар Кржаловски, Консултант/Обучувачakr@mcms.mk Роден е на 19.6.1969 г. во Скопје. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје во 1993 г. Во МЦМС е ангажиран од 1995 г. Од тогаш има посетено повеќе обуки во организација на МДФ, Холандија, но и други меѓународни консултантски куќи. Како координатор на повеќе програми во МЦМС се стекнува и со практично…

  • Димче Митревски – Консултант

    Димче Митрески, Консултант/Обучувачdmt@mcms.mk Роден на 5.11.1968 г. во Прилеп. Во МЦМС е ангажиран од 1994 г. Тој е дел од средното раководство на МЦМС и е одговорен за раководењето на Одделението за развој. Како консултант е активно вклучен во градењето на капацитетите на локалната самоуправа во Македонија, пред сè преку развој и спроведување на обуки…