Сведоштва

Учениците, наставниците и родителите се презадоволни со подобрените услови во училиштето Гоце Делчев во с. Конче. „Децата поминуваат доста време во училиштето и престојот таму треба да им биде пријатен“, вели Данче Костадинова, мајка на четвртооделенецот Кристијан. „Син ми е одушевен од промените, прозорците им биле поубави и од тие дома“, раскажува таа со насмевка.

„Јас имам две девојчиња во училиштето, во второ и во четврто одделение. Разликата е многу видлива, нема провев, децата поретко се разболуваат, дури и тие што седат до прозорците, што порано беше неомилено место, сега немаат проблем“, Славица Вчкова.

Родителите на децата што учат во училиштето во с. Нова Маала имаа проблем со безбедноста. Незаградениот школски двор беше закана за нивните деца. Сега, со поддршката на МЦМС направен е ограден ѕид на школскиот двор. Вклучените не го кријат задоволството од завршените работи. „Работата ја завршивме експедитивно и успешно на задоволство на сите родители, ученици и наставници“, вели Ѓорѓи Цонев, советник во општината Василево. „Позитивните реакции не можат да се опишат со зборови. Овој проблем не мачеше долги години затоа што децата во училиштето не беа безбедни, беа изложени на сообраќајот од улицата, ама сега тоа е зад нас.  Сите вклучени страни одлично соработуваа, процесот беше партнерски секогаш бевме во тек со тоа што се случуваше вклучително и со постапката за набавки и изборот на добавувач. Успеавме да ги завршиме сите преземени обврски. Општината имаше и сопствено учество во проектот во уредување на дворот и засадување на зеленило, а сега се довршуваат патеките“, додаде Цонев.

Similar Posts

  • Зошто да донирам во МЦМС?

    Донирај за МЦМС, учествувај во позитивните промени во општеството… Резултатите кои ги постигнавме во изминатите петнаесет години секако означуваат успех. Успех кој е веќе потврден со бројни признанија на локално, национално и меѓународно ниво. Успех кој немаше нема да биде целосен без домашната поддршката од граѓаните, претпријатијата, државата. Во досегашниот период спроведовме над 1500 проекти…

  • Како може да донирам?

    Со еднократен или траен налог за донација на износ кој вие ќе го определите на месечно или годишно ниво.. Доколку сте даночен обврзник и вашата донација е за проект на МЦМС кој е од јавен интерес можете да користите даночно поттикнување согласно   Законот за донации и спонзорства во јавните дејности . Поттикнувањето се однесува на…

  • Како може моето претпријатие да донира?

    Вашата донација покажува дека сте добар корпоративен граѓанин, дека вашето претпријатие се грижи за луѓето и за заедницата во која делува. Со донацијата покрај што им помагате на оние кои имаат потреба, ја градите и свеста кај вашите вработени, но и нивниот морал. МЦМС се залага и ја поддржува општествената одговорност на претпријатијата. Во таа…

  • Зошто да донирам?

    За да им помогнете на оние кои имаат потреба! За да бидете солидарни и општествено одговорни! Донацијата претставува доброволна и безусловна помош во пари, добра или услуги која не создава ниту директна корист за донаторот ниту обврска за враќање од примателот. Вашата донација, без разлика дали е голема или мала, во пари, време или добра…

  • За подобри услови во училиштата – донирајте сега!

    Само во претходните две години МЦМС со приватни донации успеа да овозможи подобри услови за работа на 1.544 ученици и 219 наставници во руралните средини во Македонија. Овогодишните активности ќе им го олеснат одвивањето на образованието на уште 837 ученици и 96 наставници во основните училишта во руралните средини во Македонија. Донирајте и вие за…