Училиштето ќе служи во следните 100 години
„Кога ќе заврнеше дожд, чичко Ѓорѓе веднаш трчаше наоколу и ставеше кофи на местата каде што протекуваше кровот“ – вака најживописно шестооделенецот Петар ја опиша состојбата на училиштето Гоце Делчев во с. Анѓелци, пред реновирањето. Но протекувањето сега е минато, па затоа Петар, облечен во народна носија од струмичкиот крај, со насмевка раскажува за невољите…