Уреден плоштадот во Берово
На 28 февруари 2011 година во Берово се одржа последната сесија во рамките на програмата Форуми во заедниците. Околу педесет граѓани дојдоа за да се информираат околу завршувањето на проектот на кој му дадоа најмногу гласови „Партерно уредување на централното градско подрачје – плоштад Димитар Беровски“.