Едукативни настани за учениците од општина Јегуновце
МЦМС во соработка со општината Јегуновце продолжија со активностите од кампањата „Чиста сметка – здрава вода“. Кампањата има за цел да ја зголеми јавната свест за потребата од индивидуални приклучоци со водомери и плаќање на водата што се користи од новите водоводни системи во општина Јегуновце.