Утрински весник: Промовиран Индексот на граѓанско општество во Македонија
Пред голем број претставници на невладиниот сектор вчера во Скопје беше презентиран Индексот на граѓанско општество во Македонија, истражувачки проект на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), кој во себе ги сублимира вредностите, структурата и влијанието на невладиниот или граѓанскиот сектор во државата.