Вест: Водовод за селата Долна и Горна Арнакија
За десетина дена ќе почне изградбата на водоводот за селата Долна и Горна Арнакија во Општина Сарај. Имер Селмани, градоначалник на Општината, вели дека во моментов прибираат понуди за изведувач на градежниот зафат и дека, по затворањето на тендерите, веднаш ќе почнат со работа на терен.