Граѓанскиот активизам во новото издание на Граѓански практики
(Прес соопштение) МЦМС денес го издаде новото, 12-то издание на публикацијата Граѓански практики. Со ова се обнови издавањето по речиси осум години пауза. Граѓански практики и тогаш и сега имаат цел да им понудат на читателите продлабочено гледање на граѓанското општество во Македонија.