Регионална конференција за Кодексот на добри практики за граѓанско учество
На 19 и 20 јануари, во Истанбул, Турција се одржа регионална консултативна конференција со граѓанските организации од југоисточна Европа за Кодексот на добри практики за граѓанско учество. Конференцијата беше во организација на Меѓународната конференција на невладините организации (INGO) при Советот на Европа и Фондацијата за третиот сектор (TUSEV) од Турција.