Програмата на УСАИД за антикорупција ги презентираше Студиите на случаи со ризици од корупција
Денес (23 септември 2015 година), Транспарентност Македонија (ТМ) во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), ги промовираше „Студиите на случаи со ризици од корупција“. Целта на овие студии е подобрување на политиките за антикорупција, преку анализи на состојбите и укажување на конкретни случаи.